0 коментари 2 мин. читање 5 мај, 2025

Моќта на иднината: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

Women in Tech Macedonia, во партнерство со Metergram, со гордост го најавува настанот Моќта на иднината: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила“, динамичен настан што ќе ги обедини визионерите, инженерите, ентузијастите и професионалците од индустријата за да ги истражат најновите иновации што ја обликуваат иднината на електричната мобилност.

Како што електричните возила стануваат сѐ поприсутни, потребата од напредна, достапна и паметна инфраструктура за полнење станува екстремно клучна. Овој настан е одлична можност да се запознаете со врвните технолошки достигнувања, да чуете водечки експерти и да се вмрежите со луѓе кои со своето знаење и експертиза ја предводат промената.

Без разлика дали сте експерт од индустријата, љубител на електрични возила, студент или професионалец кој сака да остане во чекор со новото, овој настан нуди инспирација, знаење и практични увиди во најновите трендови во областа.

Очекувајте инспиративни обраќања од експерти во енергетиката и технологијата, презентации на иновативни решенија за полнење, можности за вмрежување со иноватори и носители на промени и откривање на нови перспективи за иднината на е-мобилноста и паметната инфраструктура. 

Ве очекуваме на 10ти мај во Netaville, со почеток од 10:00 часот! Повеќе детали за настанот погледнете овдеПобрзајте и резервирајте го вашето место тука: https://forms.gle/SFdwdT9CRZ3bQF7aA

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}