0 коментари 2 мин. читање 4 март, 2013

Што е Ultra HD телевизија?

Ultra HD (4k) е следната резолуција која веќе срамежливо се појавува, и во следниве 5-10 години се очекува целосно да завладее со пазарот на телевизори, предвидува PCMag. Дефиницијата за Ultra HD телевизија е „телевизија која прикажува 8 милиони пиксели“. Најниската граница на новиот стандард ќе биде 3840 х 2160, но со оглед на тоа дека засега не е направена стандардизација прифатливи се неколку варијанти за резолуции кои се движат од 3840 х 2160 до 4096 х 2160.

Поради поголемата резолуција филмовите ќе бидат многу поголеми, на пример 30 FPS филм кој трае 2 часа ќе биде 55 TB, а проблем е и 1 GB/s конекција која ќе биде потребна за плејбек. Репродукцијата на овие содржини бара имплементација на нов кодек h.265, кој треба да го замени h.264.

За жал и покрај тоа што речиси пред 6 месеци се презентирани првите 4К талевизори И содржините за истите сè уште се речиси непостоечки. Но, целосно прифаќање ќе потрае, а корисниците кои ќе го прифатат стандардот порано, најверојатно ќе мора да бидат трпеливи и да прифатат дека на почетокот ќе има многу малку достапни содржини.

[youtube]D30a61m5byk[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top