Мој Воздух дел од 35 номинирани Млади шампиони на Земјата

0 коментари 2 мин. читање

Организацијата на обединети нации ја објави листата на регионални финалисти кои ќе се натпреваруваат за титулата Млади шампиони на Земјата. Дел од 35-те млади помеѓу 18 и 30 години е и Горјан Јовановски, основачот на Мој Воздух.

На повик од поддржувачите на Мој Воздух на натпреварот се пријави и основачот на Мој Воздух, тој сега е дел од европските финалисти.

Искрено бев изненаден кога добив емаил дека сме влезени во финалето со само 7 други европски тимови, што навистина ме израдува. После 5 години работа, да бидеме препознаени од најголемата светска организација, е огромна чест, без разлика дали ќе ја освоиме главната награда или не ($10.000 seed funding, менторство и маркетинг помош), Вели Горјан Јовановски.

На повикот за Млади шампиони на Земјата се пријавија 835 учесници, а идеите се најразлични, од заштита на амазонските прашуми до креирање на пластика која може да се конзумира, и уште куп други различни проекти. За секој од победниците во својот регион Обединетите нации нудат 10 000 долари и персонализирана поддршка со пристап до моќна мрежа и ментори

Признанието за Мој Воздух доаѓа во период во кој сервисот се шири во нови региони. Во моментов Air Care (Мој Воздух) е проширен во 34 европски држави и во Австралија.

За тимот ова е само уште една потврда дека работата што ја правиме навистина ќе донесе позитивен импакт во светот, и нема да сме класична апликација што се фокусира само на профит, туку и на вистинско решавање на проблемот со загадувањето. Сега сме проширени во 34 земји низ Европа + Австралија, а ова е само почетокот!

Листата на финалисти може да ја погледнете тука.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед