#ФИТРгрантови: Inviso Hub автоматизирани извештаи за афилиет маркетинг бизнис

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Овој текст е дел од серијалот „ФИТР грантови“ во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… Кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Affiliates Perform e компанија чија основна дејност е дигитален маркетинг, поточно перформанс маркетинг агенција чиј главен фокус се клиенти од i-gaming индустријата. Компанијата постои помалку од една година, а изминатите месеци ги посветивме на тестирање на нашиот бизнис модел и спроведување на тест кампањи.

Соработуваме со компании од глобалниот пазар на гејминг индустријата. Главен пазар ни е Обединетото Кралство, а во моментов имаме десетина афилиет партнери. Оттука, нашиот главен продукт е афилиет маркетинг услуги, односно ги насочуваме вистинските клиенти на веб страните на нашите партнери, тие купуваат производи или услуги од нашите партнери, а ние заработуваме провизија од продажбата, т.е. уплатата на депозитите од крајните корисници.

Компанијата е основана како друштво со ограничена одговорност во март минатата година од тројца содружници: Виктор Атанасовски, Коста Бинов и Димитар Таневски. Во моментов сопственичката структура е составена само од двајца сопственици и тоа: Виктор Атанасовски со 80% удел кој воедно е и управител и Димитар Таневски со 20% удел.

Виктор Атанасовски е CEO на компанијата и ги води сите активности со развој на бизнис, правни работи, финансии, маркетинг, стратегија. Доаѓа од гејминг индустријата, со 3 години работно искуство на позицијата Partnership Manager. Коста Бинов е задолжен за техничката страна на бизнисот, веб сајтови, сетап на технологија, девелопмент, инфраструктура, развој на алатки, програмирање, дизајн (Веб и графички). Доаѓа од ИТ индустријата како комплетен профил на Full Stack Developer. Димитар Таневски во моментов e вклучен во делот на продажба и развој на бизнисот. Димитар е дипломиран на Економскиот Факултет во Скопје на отсекот Е-бизнис.

Имајќи предвид дека се работи за индустрија во која клучно е практичното знаење од маркетингот, SEO, Google Ads, Reporting, Data science итн., лицата кои ќе бидат ангажирани за време на проектот најчесто ќе бидат фриленсери и експерти од овие области.

Работејќи на тестирање на нашата основна услуга дојдовме до заклучок дека во моментов компаниите од нашата индустрија вложуваат огромен процент на финансиски средства и човечки ресурси во рачна обработка на податоци кои се основа за нашето работење. Нашиот технички тим предложи изработка на софтверско решение кое ќе обедини неколку функции од нашето работење и ќе ја зголеми нашата ефикасност за најмалку 50%. Оттука, во следниот период, особено за време на реализација на проектот, нашата компанија ќе се фокусира на развивање на овој производ кој во иднина може да ни донесе и дополнителни приходи, токму од нашите соработници, но истовремено и од нашите конкуренти.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Концептот на афилиет маркетинг се употребува многу долго време, но со ширењето на достапноста на интернетот, овој концепт стана еден од поважните начини на продажба. Денес, статистиката покажува дека афилиет маркетингот учествува со 15% од приходите остварени во индустријата за дигитални медиуми. Всушност, само во САД вредноста на оваа индустрија се зголемува на годишно ниво за 10,1% и се очекува да достигнат 6,8 милијарди американски долари до крајот на 2020 година (Извор: Digital Global), додека за Британија таа бројка се очекува да достигне 4,5 милијарди американски долари (Извор: Internet Advertising Bureau).

Во суштина, афилиет маркетинг индустријата, како и многу други индустрии кои се водени од податоци, цели кон намалување на иницијалниот трошок за привлекување на вистинскиот краен потрошувач со цел добивање на што е можно поголема вредност при конвертирање на вложените средства во успешно направени купувања. Оттука, правилното известување и обработка на податоците за потрошените маркетинг буџети на дневна основа се од круцијално значење за носење на правилни и благовремени одлуки.

Во моментов, за да се обработи еден податочен сет, активност која се случува неколку пати во текот на денот, мануелно се повлекува извештај од секоја партнерска платформа (провајдери на лидови) и од секој маркетинг канал (најчесто се информации од социјални мрежи, google, портали итн.), се прави вкрстување на податоците во ексел, се изведуваат пивот табели за приказ на целниот резултат и се носат одлуки за следните активности. Во динамичен свет каде окружувањето се менува на неколку секунди, за компанија која има повеќе од 100.000 крајни корисници овие операции стануваат неажурни, а со тоа се пропуштаат можности за дополнителна заработка.

Во консултација со нашиот програмерски тим, сфативме дека имаме знаење и капацитет да понудиме алатка која на едноставен начин, само со внесување на корисничко име и лозинка, самостојно, преку интерфејс за програмирање со апликации (API), ќе повлекува податоци од бројни канали и ќе создава автоматизирани извештаи кои се клучни за работењето на еден афилиет маркетинг бизнис. Со дополнително следење и прибирање на податоци од cookies, tracking ID и clickID, вредноста која ќе ја креираме за нашите клиенти ќе биде за 50% подобра од онаа која во моментот ја нудат нашите конкуренти, односно одлуките кои ќе ги носат нашите купувачи ќе бидат за 50% попрецизни и ќе носат поголеми заработки, а конверзијата на клиенти ќе се зголемува двојно.

Наш главен клиент се мали и средни афилиет бизниси. Конкретно, наша целна група се компании кои имаат до 10 вработени, имаат развиено повеќе маркетинг канали (социјални мрежи, пребарувачи, е-маил маркетинг итн.), во моментот користат повеќе програми и платформи за промоција и генерирање на податоци и имаат потреба од брзи, чести и прецизни извештаи. На почетокот ќе се концентрираме на мали играчи на пазарот, но наша крајна цел е пенетрација на пазарот и позиционирање на нашата компанија кај врвните играчи како: Catena Media, XL Media Plc, Extremoo, Little Star Media, Fozil Media, Extra Point итн.

Живееме во свет во кој навремените и релевантни информации можат да ни заштедат, но и донесат можности за нови или поголеми заработки. Продажбата е еден од главните сегменти на пазарот кој во голема мера ги диктира овие трендови. Имајќи предвид дека работиме во индустрија чиј главен инпут се податоците, доаѓаме до заклучок дека соодветното собирање на податоци, нивно правилно обработување и известување може да донесе дополнителна вредност за нас и нашите клиенти. Во суштина, афилиет маркетинг индустријата, како и многу други индустрии кои се водени од податоци, цели кон намалување на иницијалниот трошок за привлекување на вистинскиот краен потрошувач со цел добивање на што е можно поголема вредност при конвертирање на вложените средства во успешно направени купувања. Оттука, правилното известување и обработка на податоците за потрошените маркетинг буџети на дневна основа се од круцијално значење за носење на правилни и благовремени одлуки.

Ново отворените компании кои се занимаваат со афилиет маркетинг на почетокот немаат големи текови на податоци и можат да ги обработуваат на традиционален начин. Сепак, обработката на податоците станува се покомплексна со растот на обемот на корисници и партнери. Тековите на податоци стануваат посложени бидејќи се состојат од поголем број на информации, податоците доаѓаат од повеќе извори (десетици платформи) и конечно бројот на клиенти се зголемува. За таа цел увидовме потреба да креираме алатка, која пред сè ќе ги оптимизира нашите интерни процеси, но истовремено ќе биде соодветна за брзо растечките компании од афилиет маркетинг индустријата.

Во моментов, за да се обработи еден податочен сет, активност која се случува неколку пати во текот на денот, мануелно се повлекува извештај од секоја партнерска платформа (провајдери на лидови) и од секој маркетинг канал (најчесто се информации од социјални мрежи, google, портали итн.), се прави вкрстување на податоците во ексел, се изведуваат пивот табели за приказ на целниот резултат и се носат одлуки за следните активности. Во динамичен свет каде окружувањето се менува на неколку секунди, за компанија која има повеќе од 100.000 крајни корисници овие операции стануваат неажурни, а со тоа се пропуштаат можности за дополнителна заработка.

Имајќи ги сите информации предвид, целта на оваа бизнис идеја е креирање на алатка со автоматизирани процеси на влечење на извештаи од партнерските платформи, интеграција со трети платформи и влечење на податоците од аналитика, од Гугл, Фејсбук, Инстаграм, како и интеграција на емаил кампањи (само делот на известување).

Со воведување на алатката во внатрешните процеси на компанија која се занимава со афилиет маркетинг, правилно се насочуваат човечките ресурси бидејќи мануелното прибирање и обработка се заменуваат со машинско, се намалува времето на прибирање и обработка на податоци, се зголемува фреквенцијата на систематизирани информации за ефикасност на инвестираните средства и секако се добива јасна слика за насоката во која треба да се движат следните активности, со цел остварување на поголеми приходи по пониска цена.

Конечно, овој проект целосно ги исполнува целите на Инструментот. Со користење на средствата од Фондот ќе развиеме иновативна технологија која ќе придонесе за решавање на проблемот со кој се соочуваат компаниите кои се занимаваат со афилиет маркетинг. Во исто време, реализацијата на проектот ќе придонесе за вработување на нов ИТ персонал кој ќе може да работи на единствен македонски производ кој има пазарен потенцијал надвор од нашите граници.

Концептот на афилиет маркетинг се употребува многу долго време, но со ширењето на достапноста на интернетот, овој концепт стана еден од поважните начини на продажба. Денес, статистиката покажува дека афилиет маркетингот учествува со 15% од приходите остварени во индустријата за дигитални медиуми.

Колку е поголемо значењето на афилиет маркетингот, толку позначајна е улогата на прецизноста на податоците кои се добиваат со анализа на податоците за успешноста на вложените средства во промоција. Многу продавачи на производи или услуги не можат правилно да го следат вистинскиот извор на нивната продажба затоа што нивната апликација и нивната програма за афилиет маркетинг не се интегрирани. Затоа потребни се нови инструменти/алатки за систематизирање и интегрирање на податоците кои го покажуваат „патувањето“ на еден клиент. Ваквите алатки не само што може да помогнат во подобрување на позиционирањето на пазарот, туку тие исто така ќе бидат корисни и за создавање или фино прилагодување на начините за максимизирање на стапките на конверзија.

Поттикнати од секојдневното работење и комуникација со нашите клиенти, партнери и крајни потрошувачи увидовме дека проблемот со интеграција на услугите за следење на крајните потрошувачи е клучен за оптимизирање на процесите и максимизирање на стапката на конверзија. Оттука, се решивме да развиеме решение, веб апликација која ќе овозможи автоматизација и интеграција на сите постоечки платформи за афилиет маркетинг и афилиет маркетинг алатки кои се користат од компаниите, независно од индустријата. Дополнително, со цел заштеда на ресурси (месечни претплати на неколку интернет платформи) и време (замена на мануелната со машинска обработка на податоци), нашата алатка ќе продуцира уникатен визуелен приказ и можност за управување на табеларен приказ.

Долгогодишното искуство во индустријата на нашиот извршен директор ни овозможува да располагаме со информации и знаење за трендовите и случувањата од прва рака. Иако сме мала компанија која работи на пазарот само неколку месеци, нашите почетоци се ветувачки, пред сè благодарејќи на огромната база на партнери до која имаме пристап и уште поважно довербата која ја има создадено нашиот директор работејќи со нив во изминативе 3 години. Соработката со повеќе од 150 клиенти и преку 1 милион крајни потрошувачи, со сигурност ни потврдува дека најголемата потреба на пазарот во моментов е генерирањето на релевантни извештаи кои се клучни за носење на правилни одлуки за идните вложувања.

Во просек, стапката на конверзија на афилиет каналите изнесува околу 1% (Извор: Cospot). Овој процент е просечна проценка затоа што многу компании ги чуваат личните стапки за себе. Со оглед на жестоката конкуренција во повеќето сегменти на пазарот, вклучувајќи ја тука и i-gaming индустријата, може да се претпостави дека конверзијата оди и до 2% или 3%. Најчести фактори за ваквиот драматичен скок во ефикасноста се токму навремените, точни и релевантни податоци кои се основа за носење на правилни одлуки за вложување на маркетинг буџетите, а со тоа и зголемување на животната вредност на крајните потрошувачи.

Статистиката покажува дека афилиет маркетинг индустријата покажува постојан раст. Всушност, само во САД вредноста на оваа индустрија се зголемува на годишно ниво за 10,1% и се очекува да достигнат 6,8 милијарди американски долари до крајот на 2020 година (Извор: Digital Global), додека за Британија таа бројка се очекува да достигне 4,5 милијадри американски долари (Извор: Internet Advertising Bureau). Нашиот план е на почетокот да целиме кон продажба на британскиот пазар и пазарите од англиско говорно подрачје. Секако наш фокус ќе бидат компании кои се занимаваат со афилиет маркетинг во i-gaming индустријата, пред сè затоа што нашето искуство и знаење е најголемо во оваа индустрија што ни дава предност пред другите компании кои нудат универзален софтвер без специфичен таргет.

Иако со започнување на реализација на овој проект скршнуваме од нашата основна дејност, дигитален маркетинг, уверени сме дека автоматизацијата и интеграцијата на податоците, најпрво ќе ни донесе бенефит на нашето работење. Од друга страна пак, со секојдневното работење и користење на алатката која планираме да ја изработиме, ќе бидеме во можност самостојно да ја тестираме и да создадеме продукт кој директно ќе ги отсликува потребите на индустријата.

Важно е да се напомене дека ние не сакаме да креираме софтвер за следење на афилиет канали, туку нашата алатка на едноставен начин, само со внесување на корисничко име и лозинка, самостојно, преку интерфејс за програмирање со апликации (API – компјутерски интерфејс изложен од одредена софтверска програма, библиотека, оперативен систем или интернет-услуга, за да им овозможи на трети страни да ја користат функционалноста на таа софтверска апликација), ќе повлекува податоци од бројни канали и ќе создава автоматизирани извештаи кои се клучни за работењето на еден афилиет маркетинг бизнис. Имајќи предвид дека во моментот развојот на алатката е во фаза на prove of concept планираме на крајот на проектот да имаме функционална демо верзија која ќе може да биде комерцијализирана во периодот кој следи потоа.

Иницијално проектот е поделен на 6 фази. На почетокот нашите активности ќе се фокусираат на мапирање на процесите внатре во нашата компанија и анализа на софтверските решенија кои сега се на пазарот и делумно покриваат одредени функции. Една од клучните активности во оваа фаза ќе биде дефинирање на пристапот и поврзувањето на нашата апликација со релевантните бази на податоци и софтверски решенија од каде ќе бидат црпени основните податоци на нашите клиенти. Паралелно со анализата ќе се започне со развојот на прототипот и дизајнот, како и на техничката спецификација на нашиот продукт. Потоа ќе се премине на фазата наменета за продукт дизајн. Нашиот следен чекор ќе биде целосно развивање на демо верзија на апликацијата, односно ова ќе биде последната фаза од развојот на производот. Кога ќе имаме работна верзија на производот, ќе извршиме детално внатрешно тестирање, а по потреба ќе ангажираме и надворешни тестери, односно ограничен број на корисници и клиенти. Конечно, откако ќе се отстранат сите багови, ќе ја стартуваме апликацијата и истата ќе биде достапна за купувачите на нашата веб страна. Во меѓувреме, ќе продолжиме со процесот на истражување и ќе продолжиме да разговараме со потенцијалните клиенти, со цел да изградиме производ кој ќе одговара на нивните потреби.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Предвидено потребно време за реализација на проектот е 12 месеци. Во перидот на изработка целиме на партнери со кои што ќе го тестираме продуктот и ќе бидат нашите иницијални клиенти

По истекот на времето за реализација очекуваме да ги видиме првите посериозни бројки.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Најголем дел од средствата од Фондот ќе бидат инвестирани во ангажирање на професионален персонал кој ќе работи на развој на алатка за интегрирање на податоци наменети за афилиет маркетинг компании. Кога станува збор за развој на алатка за бизнис корисници, дизајнот претставува еден од клучните елементи, односно е исто толку важен колку и функционалноста. Оттука, во напиот тим вклучуваме и искусен дизајнер кој ќе се погрижи за изгледот на алатката, но и за градење на уникатно корисничко искуство.

За време на периодот наменет за тестирање, потребно ќе биде обезбедување на претплати за други платформи од кои нашата алатка ќе влече податоци. Истовремено, максимално ќе ги користиме трајл верзиите кои ги нудат овие платформи.

Нашето досегашно искуство во индустријата е концентрирано во областа на дигиталниот маркетинг. За да бидеме подготвени за градење на алатка која ќе биде прилагодена на потребите и барањата на нашите купувачи, во нашиот случај компании кои се занимаваат со афилиет маркетинг, потребно е изготвување на сеопфатна анализа на пазарот. За таа цел, планирано е ангажирање на експерт од оваа област.

Сите трошоци кои не се директно поврзани со развојот, но се неопходни за реализирање на проектот, како што се администрација (канцелариски трошоци, комуналии, интернет и комуникација) и тестирање, исто така се вклучени во нашиот буџет.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Нашата стратегија за освојување на првите клиенти се базира на искористување на веќе воспоставената комуникација и доверба која ја имаме изградено со нашите соработници и партнери. За почеток, планираме да бидеме присутни на најголемиот самит за i-gaming индустријата во светот, iGB Affiliate. Преку презентирање на нашиот производ на највлијателниот настан отвораме можности за соработка со нови клиенти, а дополнително го градиме имиџот кој веќе го имаме создадено кај постоечките.

Нашите проекции покажуваат дека во првата година од оперативниот период ќе целиме да опслужиме 10 компании. Со текот на годините таа бројка експоненцијално би се зголемувала со цел да достигне 150 компании. Нашата цел на среден рок е пенетрација на пазарот и позиционирање на нашата компанија кај врвните играчи како: Catena Media, XL Media Plc, Extremoo, Little Star Media, Fozil Media, Extra Point итн. Предвидуваме дека ќе ги имаме потребните капацитети за освојување на овие клиенти по третата година од оперативното работење и комерцијализирање на нашата алатка.

Имајќи предвид дека за време на имплементацијата на проектот ќе го тестираме нашиот производ со одреден број на клиенти, планираме да ги ангажираме тестерите во виралната кампања која ќе ни помогне да ја прошириме веста за апликацијата на социјалните мрежи и разните нови медиуми. Во оваа фаза ќе ги користиме и постојните, веќе воспоставени контакти со разни е-продавници и веб страни од i-gaming индустријата. Нашата заложба е проширување на опсегот на индустрии и отварање на можности за продажба веќе во третата година од работењето, односно досегашното знаење и искуство ќе го користиме за развивање, тестирање и комерцијализирање на алатката, а пазарното искуство ќе ни овозможи отварање и кон други индустрии и пазари.

Бидејќи во текот на проектот ќе продолжиме со истражувањето на пазарот и комуникацијата со нашите клиенти, веруваме дека постојано ќе развиваме нови функции и ќе нудиме решенија за нивните конкретни проблеми или потреби. Нашите модели на приходи ни овозможуваат да размислуваме за алтернативни начини за развој на апликацијата, но во исто време тие ни даваат постојан прилив на приходи кои треба да ги поддржат нашите операции.

Следејќи ги навиките и трендовите во индустријата за дигитален и афилиет маркетинг, нашиот приходен модел ќе биде базиран на месечна претплата. Висината на претплатата ќе биде прилагодена на секој корисник, но истовремено ќе нудиме и стандардни пакети кои се соодветни за мали или стартап компании. Секако, на почетокот ќе користиме бесплатен модел наменет за купувачи кои прв пат ги користат нашите услуги, но верзијата која ќе се нуди по овој пат ќе биде со ограничени својства и функционалности.

Знаејќи дека воведуваме интегрирана апликација за афилиет маркетинг, не ја исклучуваме можноста за аквизиција откако алатката ќе го достигне потребниот број корисници. Од друга страна, гледаме многу можности за понатамошен развој и специјализација во другите пазарни сегменти.

Нешто дополнително што би сакале да додадете?

Дигиталниот маркетинг е индустрија која се базира на навремени и точни податоци за активностите и навиките на потенцијалните купувачи и целните групи. Обработката и анализата на тие податоци е услуга за која во моментов се трошат најмалку 15% од вкупниот буџет за маркетинг. Услугите најчесто се фрагментирани, а компаниите кои се занимаваат со афилиет маркетинг плаќаат најмалку 4 претплати секој месец. Од друга страна пак, времето кое го посветуваат за дополнителна обработка на добиените резултати претставува дополнителен опортунитетен трошок.

Имајќи ги предвид сите горе наведени факти, но и нашето долгогодишно искуство во индустријата, решивме да понудиме решение за интегрирање на услугите за прибирање и обработка на податоците со алатка која ќе создаде дополнителна вредност за нашите клиенти, односно ќе го скрати времето на прибирање на релевантни податоци за нивните клиенти од голем број сајтови, ќе ја зголеми фекфенцијата на генерирани извештаи и пресеци и целосно ќе ја замени мануелната обработка со автоматско пресметување.

Следејќи ги навиките и трендовите во индустријата за дигитален и афилиет маркетинг, нашиот бизнис модел ќе биде базиран на месечна претплата. Висината на претплатата ќе биде прилагодена на секој корисник, но истовремено ќе нудиме и стандардни пакети кои ќе бидат наменети пред сè за мали или стартап компании. Секако, на почетокот ќе користиме бесплатен модел (фримиум) наменет за купувачите кои прв пат ќе ги користат нашите услуги, но оваа верзија ќе биде со ограничени својства и функционалности.

Како што веќе спомнавме наш главен клиент се мали и средни афилиет бизниси. Конкретно, наша целна група се компании кои имаат до 10 вработени, имаат развиено повеќе маркетинг канали (социјални мрежи, пребарувачи, е-маил маркетинг итн.), во моментот користат повеќе програми и платформи за промоција и генерирање на податоци и имаат потреба од брзи, чести и прецизни извештаи. На почетокот ќе се концентрираме на мали играчи на пазарот, но наша крајна цел е пенетрација на пазарот и позиционирање на нашата компанија кај врвните играчи како: Catena Media, XL Media Plc, Extremoo, Little Star Media, Fozil Media, Extra Point итн.

Наша главна активност при привлекување на потенцијалните клиенти е агресивна е-маил кампања и директна продажба преку каналите за комуникација кои веќе ги имаат воспоставено нашите основачи. Имајќи предвид дека 3 потенцијални купувачи веќе изразија интерес за соработка, веруваме дека иницијалната продажба на нашиот производ ќе биде успешна.

Од аспект на техничката подготвеност на нашиот тим за изработка на алатката, мораме да напоменеме дека нашата заложба е градење и зајакнување на сопствените капацитети. Оттука, располагаме со група на искусни програмери и дизајнери кои ќе бидат ангажирани на градење, а подоцна и на развој на алатката. Бидејќи нашиот тим верува во концептот build-measure-learn, затоа не само во текот на проетот, туку и по неговото завршување нема да престанеме со иновирање и прилагодување на нашите услуги согласно барањата и потребите на нашите купувачи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk