Amazon со камиони ќе ги пренесува податоците во облакот

Да, добро прочитавте. Amazon ја презентира новата услуга со која на заинтересираните компании ќе им испoрача камион со кој ќе ги префрла податоците од компаниските податочни центри во облакот на Amazon. Ова е еден од новитетите кои Amazon ги најави на конференцијата во Лас Вегас.

„Snowmobile овозможува едноставно префрлање на огромни количества на податоци до облакот. Ова вклучува видео библиотеки, библиотеки на слики па дури и пренос на целосен податочен центар. Трансферот на податоци со Snowmobile е безбеден, брз и економски исплатлив.“, велат од Amazon.

Со AWS Snowmobile компанијата ќе овозможи преноси на податоци до 100 петабајти. Камионот што го овозможува ова всушност е огромна хард диск приколка долга 13.5 метри. Дискот се поврзува во податочниот центар преку оптика, а потоа податоците се транспортираат со превоз во камионот до податочните центри на Amazon.

photo_aws_snowmobile_11082016_12_so1

Префрлањето на податоци со камионот ќе биде побрзо отколку префрлањето на податоци преку интернет. Податоците кои компаниите ги чуваат на своите сервери постојано се зголемуваат, ако некогаш тие податоци се броеа во терабајти сега почести се петабајтите, па ваков камион може значително да го забрза префрлањето на податоци во облакот.

Секако Snowmobile ќе биде наменет за компаниите со многу податоци. Камионот троши 350 KW електрична енергија, а може да префрла 1 TB/s. Ова значи дека дискот на камионот може да се наполни за 10 дена трансфер. Камионите и товарот се заштитени со GPS следење и камери, па дури и со чувари и возила за придружба.

Услугата е надградба на AWS Snowball која минатата година ја претстави Amazon. Станува збор за куфер од 80 TB кој може едноставно да се пренесува до компаниите и лесно да се префрлаат податоците.

Засега нема податоци за цента на оваа услуга.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments