Mk Reader е нова Android апликација на стартап студиото CodeWell, сигурно ќе се сетите за нив пишувавме пред некое време дека беа во Лондон на Startap натпреварување со својата Trawell апликација и дека со AвтоБуско започнаа соработка со T-Mobile.
Новата апликации на CodeWell е всушност класичен RSS фид на вести. Но, споредено со бројнитете апликации кои се само RSS фидови на одредени сајтови, Мк Reader се разликува по тоа што преку неа ги имате вестите од десет популарни македонски портали. Toa што Mk Reader ги собира вестите на куп е одлична идеја. Подобро тоа отколку да имате 10 различни апликации од порталите, но тоа што може да се појави како проблем е што не сите портали имаат мобилна верзија.
Апликацијата ви дава само наслов од веста и краток прв пасус, доколку сакате да ја прочитате целата ве препраќа на соодветниот сајт, кој може или не да има мобилна верзија која троши помалку интернет сообраќај, поедноставна е за читање на мал екран и побрзо се отвара. Но, тоа зависи од самите портали.
Во секој случај, идејата на CodeWell е интересна и .мк aпликацијата е доста корисна доколку сакате да останете во тек со сите настани.








Баш 10 портали, од кои баш некои имаат, а некои не мобилна верзија и згора на се, агрегатор на чело…