0 коментари 2 мин. читање 4 ноември, 2011

Со Clea.nr ќе имате минималистички интерфејс на YouTube и Аmazon

Доколку поминувате многу време на YouTube, тогаш сигурно ви пречат сите реклами и коментари кои постојано ви го отргнуваат вниманието од видеото. Ектензијата Clea.Nr овозможува да ги сокриете сите овие непотребни и иритирачки работи. Освен за YouTube, оваа екстензија фунционира и за Amazon.

Clea.Nr е екстензија за Firefox, Chrome, и Safari, давајќи одличен минимален интерфејс во кој се се вклучени само главните содржини. Оваа минималност овозможува далеку поедноставно користење на YouTube и Amazon. Благодарение на Clea.Nr страничната лента, коментарите, рејтинзите, копчињата за споделување и „лајкање“ се тргаат од YouTube, и останува само видеото и лентата за пребарување. Линк под видеото овозможува да се поврати скриената содржина. Clea.Nr исто функционира и на Amazon, каде доколку се употреби се добива само бела позадина на која се наоѓаат менито за категории и лентата за пребарување.

Оваа екстензија е одлична за оние кои лесно се деконцентрираат, и е добро дополнување на веќе постоечките екстензии како Adblock Plus и Flashblock кои кријат непотребни реклами од веб сајтови. Во прилог можете да погледнете како функционира Clea.Nr. Иако во видеото е прикажано како функционира на Safari, истиот принцип важи и за другите веб прелистувачи.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top