Porsche и Audi сe најновите предизвикувачи кои ќе се обиде да ја загрозат доминацијата на Tesla на пазарот за електрични автомобили. Германскиот производител на саемот во Франкфурт го презентираше својот прв електричен автомобил, јави Auto Express.
Mission E е спортски автомобил кој забрзува до 100 km за 3,5 секунди, но она што е најимпресивно е батеријата, која со едно полнење може да помине околу 500 километри, дополнително батеријата до 80 отсто од капацитетот се полни за само 15 минути. Porsche не е единствениот производител кој во Франкфурт, презентираше конкурентна батерија – Audi на Quattro SUV има слично напојување кое овозможува над 500 километри помеѓу полнењата.
Mission E нема да биде евтин автомобил, цената од 100.000 долари го става помеѓу поскапите автомобиле. Слично како и автомобилите на Tesla доаѓа со софтвер кој освен погодности нуди и дел непотребни информации. Така камерата на ретровизорот може да „види“ дали возачоте е во добро расположение и да презентира смајли?!
„Сите автомобили ќе бидат електрични,“ вели Елрих Хакберг од Audi, според неговите размислување следните генерации на автмобили, дури и хибридите ќе имаат исклучиво електричен мод на возење за градовите, со што ќе се намали загадувањето.

Додека останатите производители, главно најавуваат спортски модели, Tesla работи на новото фамилијарно возило кое ќе биде попристапно за купувачите. Tesla Model 3 треба да биде достапен во март 2016, а ќе чини 35.000 долари. Сепак за разлика од сите останати производители најголемата предност на Тесла е постоечката мрежа за полнење, за разлика од нив сите останати ќе мора или да креираат сопствена мрежа.







