0 коментари 1 мин. читање

Безбедносен пропуст во Android 5.X

Android 5.X доаѓа со безбедносен пропуст кој овозможува едноставно пробивање и отклучување на 21 отсто до телефоните, јави Guardian.

Хакот е супер едноставен, а се што треба да направи напаѓачот е да го преполни екранот со текст, по ова екранот се отклучува. Доколку користите некој од патеките за заколучувње тогаш не мора да се грижите, бидејќи пропустот не се однесува на ова заклучување. Користењето на итните повици и Copy>Paste овозможува побрзо внесување на доволно долг стринг, но сепак и во овој случај потребно е подолго време за негово внесување.

„Доколку внесете доволно долг стринг во полето за лозинка кога камерата е активна, напаѓачот може да го дестабилизира lock-screeн-от и да се префрли директно на почетниот екран,“ вели Џон Гордон од Универзитетот Тексас.

Околу 20 отсто од Android уредите се со Android 5.0 или повисок оперативен систем, но не сите корисници користат лозинка за отклучување, дел користат „pattern“-апликации, а дел користат заклучување со PIN.

Google го призна пропустот и веќе издаде безбедносна закрпа за Nexus телефоните, за среќа според компанијата, досега никој активно не го злоупотребува пропустот. Иако Google  веќе ја издаде надградбата, останатите производители, вообичаено не се толку брзи. Неодамна производителите ја изразија својата определба, барем еднаш во месецот да издаваат безбедносни надградби за своите уреди.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top