Mink 3D е принтер кој ќе направи револуција во модната индустрија и значително ќе им ја олесни работата при шминкање на девојките. Технологијата е дело на Грејс Чои од Харвард која во текот на студиите „открила“ дека сите брендови ги креираат своите продукти со мешање на многу бои.
„Индустријата за шминка заработува многу многу пари на многу сра.а Наплаќаат огромни премии на нешто што технологи жјата го овозможува бесплатно. Една од работите за кои зборувам е бојата“.
Таа го креираше принтерот Mink кој чини 300 долари, а може да ја репродуцира секоја боја која може да ја најдете на Интерет, односно секоја боја. Дополнителна предност е што мастилото кое се користи во принтерите е идентично со боите кое се користат во шминките. Презентацијата на принтерот, технологијата и интервјуто на Грејс Чои, како и куп интересни идеа од интервјуто можете да ги погледнете на видеото од TechCrunch Disrupt.