Compute Stick е нов мини РС од Intel кој доаѓа со WIndows 8.1 или Ubuntu 14.04 LTS. Станува збор за уред кој преку HDMI порта се приклучува на монитор и е еден од најмалите стик-РС кои се достапни на пазарот. Со оглед на тоа дека сепак е во најмалите и најевтините уреди, разбирливо е дека перформансите и хардверот на Compute Stick не се исклучителни.
Процесорот е Intel Atom Z373F на 1.33GHz; доаѓа со 2GB DDR3; Intel HD графички процесор; 32 GB еММЦ SSD сслободен простор, но поради оперативниот систем оставени се 20GB на располагање на корисникот. Сето ова доаѓа во пакување од 103х37х12mm со вентилатор за заштита од прегревање. Поврзувањето се преви преки Wi-Fi 2.4GHz 802.11n или Bluetooth 4.0. Процесорот и графичкиот процесор не се од најновата генерација, па перфомансите страдаат, но овозможено е дури и играње на ретро видоеигри, иако стик компјутер и играње најчесто не одат во иста реченица.
Compute Stick е мал, евтин, не троши многу енергија и може да го приклучите на телевизор или монитор, за жал прилично е бавен, нема доволно RAM меморија и слободен простор, подршка од оператините системи и само еднa USB 2.0 порта, а користењето на компјутерско глувче и тастатура преку Bluetooth има доцнење, констатира Ars Technica каде може да ги разгледат и тестовите на уредот. Gizmodo пак е малку покритички кон уредот со порака „не го купувајте“.







