Македонското студио KAMAi најави демо од својата прва игра

KAMAi Media вели дека се блиску до објавување на својата првата игра. Петар Котевски, основачот на студиото, најави дека се се поблиску до своето демо. Новото видео „Development Diary: Who are you?“, покрај нови снимки од гејмплеј не запознава и со програмерите, уметниците и дизајнерите и нивната инспирација зад проектот. Видеото означува почеток на периодот во кој KAMAi сака да биде поотворен за својот креативен процес.

„Развивавме технологија за Sonder прво, па системи во играта, и така полека стигнавме до моментов кога можеме релативно лесно да произведеме финален производ – игра за продажба“, вели Петар. „Мислиме дека нашиот производ е добар и иновативен, и имаме верба во него. Вербата ни се потврди преку нашите преговори со издавачите, кои не успеавме да ги затвориме не поради квалитетот на производот, туку поради ризикот толку нов и иновативен производ да се развива на толку ризична локација како Македонија.

И ова ризична не е во политичка смисла, туку во смисол на тоа што во Македонија нема развиена девелопмент сцена, па никој не верува дека има од каде да се регрутираат луѓе за да се заврши една ваква амбициозна игра. Истите резервации издавачите ги имаат и за поразвиени земји кои поради оваа или онаа причина немаат развиен пазар за гејм девелопмент – на пример една Италија, или Португалија. Едноставно нема преседан таму“.

Новина е и промената на форматот на играта кој од единствен, сега е променет во епизоди, а првата е најавена за летово. Секоја од епизодите ќе биде дел од целокупната приказна, а најавениот нелинеарен наративен гејмплеј без сомневање ќе им донесе куп фанови. Причина за епизодниот формат на Sonder е желбата на тимот побрзо да ја направи играта достапна за играчите. .

„Сакаме да ги донесеме гејмерите во процесот на развој и преку нкомуникација со играчите помеѓу епизодите, да го подобриме искуството и да ја направиме играта подобра со помош на заедницата“. Sonder е во развој веќе 3 години, а за KAMAi Media развојот на видеоигри е единствена опција: „Или спектакуларно ќе успееме или спектакуларно ќе пропаднеме“, вели Петар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments