0 коментари 1 мин. читање

Minecraft клонот Terraria има ново надополнување

Terraria е игра од 2011 година и, за разлика од повеќето игри од тој временски период, овој дводимензионален Minecraft клон едноставно одбива да биде прегазен. Terraria сега има ново надополнување!

Низ годините, играта континуирано се прошируваше со бесплатни, бројни и, пред сѐ, содржителни надградби, а 2016-та година дефинитивно не е исклучок.

sandstorm-banner

Најновото надополнување ќе ви го обогати искуството со нови промени во времето, односно со песочни бури кои носат нови непријатели, оружја и алатки, како и проширена музичка подлога. Па така, виулиците имаат нови визуелни ефекти, а пустините и подземјето се поубави благодарение на топлотните дисторзии и бројните песочни ефекти. Покрај ова, надополнувањето се одликува и со неколку исправки во гејмплејот.  За подетални информации, посетете го форумот.

Terraria е една од најдобрите sandbox-survival авантури и е задолжителна лектира за сите љубители на овој жанр. Копајте, борете се, истражувајте и градите во светови кои се создаваат по случаен избор, а во ситуации кога ќе побарате слична игра, но со научно-фантастични примеси, свртете го вниманието и на Starbound.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top