Microsoft започна со претпродажба Xbox One X

Microsoft ги отвори нарачките за новата конзола Xbox One X. Конзолата започнува со продажба за 500 долари, а на самиот почеток компанијата ќе понуди и помоќна верзија на конзолата. Конзолата е претставена на Gamescom саемот во Келн.

Xbox One X Project Scorpio Edition e помоќната верзија која ќе биде достапна покус период, додека не се потроши залихата. За сега нема дополнителни податоци како ќе се разликува оваа верзија од оригиналната како и датата на испорака за двете конзоли.

Microsoft објави и дел од игрите кои ќе бидат достапни на конзолите. Halo 5, NBA 2K18, Wolfenstein II: The New Colossus, ReCore: Definitive Edition, FIFA 18, Star Wars Battlefront II, Below и ремастерирани верзии на Disneyland Adventures, Rush: A Disney-Pixar Adventure и Zoo Tycoon, се дел од новите видеоигри.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk