Заштитита од објавување на фотографиите со воден печат е супер едноставна за отстранување. Истражувачите од Google објавија колку е едноставно отстранувањето на водениот печат од сликите.
Сервисите за споделување на слики ги користат жиговите за да ја заштитат својата содржина од несакано објавување. Рачното отстранување на овие ознаки не е едноставно и не само што е долготраен процес, често и квалитетот на сликата по отстранувањето на ознаките е лош.

Но, ако наместо рачно отстранување се искористи алгоритам, не само што отстранувањето е едноставно, туку е и супер брзо, а квалитетот на сликата е непроменет. Најголемиот недостаток на заштитата е повторувањето на заштитните знаци. Алгоритмите можат да ја препознаат, пронајдат и отстранат шарата која се користи за заштита на сликите.
Решението за проблемот е едноставно. Наместо користење на идентичен шаблон, креирање на минимални промени во водениот жиг. Со оваа промена алгоритмот ќе има проблем да ја отстрани заштитата од сликата. Промените на жигот мора да се направат по случаен избор. Промената во геометријата на шарата е решeние кое најдобро функционира.

Image courtesy of Google







