0 коментари 1 мин. читање

Microsoft Surface Pro од 64 GB всушност има само 23 GB слободен простор

Таблетот на Microsoft, Surface Pro е најавен со 128 или 64 GB внатрешна меморија. Сепак слично како и RT таблетот, откако ќе се наполни со оперативниот систем, апликациите кои доаѓаат со него и просоторот кој ви е потребен за реинсталирање на Windows, ќе ви останат само 23 GB слободни кај верзијата од 64GB, односно 83 GB на верзијата која се рекламира со 128GB простор, пишува The Verge.

За разлика од Surface RT, Surface Pro сепак има можност за надградба на меморијата. Таблетот е со USB 3.0 порта на која може да се поврзат надворешни хард-дискови или флеш-дискови. Има простор за SDXC картичка на која може да се додатат уште 64GB, а Surface таблет компјутерите доаѓаат и со претходно инсталиран SkyDrive, каде корисниците имаат дополнителни 7GB простор. Покрај ова, корисниците ќе можат да си направат бутабилен USB, и да ја избришат партицијата за ре-инсталација на оперативниот систем, вели Microsoft.

Таблетот ќе биде достапен во првата половина на февруари во САД, a цената е 900 долари за 64GB, односно 1.000 долари за 128GB. Цената на таблет компјутерот е без вклучена покривка/тастатура.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top