0 коментари 3 мин. читање 23 мај, 2013

Xbox One ќе треба да е постојано онлајн… или можеби не, Microsoft даде збунувачки одговори

На презентацијата на Xbox One, Microsoft не откри детали околу „Always Online“, oдносно постојаната интернет конекција, но и околу користењето на позајмени или препродадени игри. А избегнувањето на директен одговор на прашањата, не само што не објасни ништо, туку и разгневи дел од заинтесираните.

Најблиску до одговор стигна Kotaku, кои на прашањето за потребата од интернет конекција добија одговор „Мислам дека е потребно да се конектирате еднаш во 24 часа“, но порталот Polygon доби потполно различен одговор од компанијата „Има гласини за одреден период во кој треба да се конектирате – тоа се само можни сценарија, денес ниту сме потврдиле, нуту ќе потврдиме кој исход ќе биде финален“.

Во обидот да објасни што ќе се случи со препродадени или позајмени игри, Фил Харисон од Microsoft вели: „Ако сакате да играте некоја игра кај вашиот пријател, ќе ја инсталирате кај него на хард-дискот и ќе се логирате со вашиот профил, доколку пак вашиот пријател сака да ја игра истата ига, ќе мора да плати.“, Што се однесува до замена на играта со некој ваш другар, засега Microsoft не го замислува тоа како досега, тие ќе понудат услуга со која ќе можете да ги продадаете игрите кои сте ги изиграле, но не објавија повеќе податоци околу реализацијата на оваа идеја.

Овие одговори не ги израдуваа гејмирите, што може да се покаже како поголем проблем отколку што изгледа. Традиционално токму оваа група ги посетува форумите, го фали уредот преку друштвените мрежи и можеби најважно токму ова е групата која ќе го прифати Xbox One на самиот почеток. Microsoft има две недели до E3 да се одлучи дали Xbox ќе биде првенствено центар за забава или гејминг конзола.

Колку за потсетување ова не е првпат вработените во Microsoft да немаат адекватен одговор за своите производи. Неколку недели пред излегувањето на Windows RT и Windows 8 грижата на корисници не можеше да ја објасни разликата помеѓу оперативните системи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}