Microsoft објави нова реклама за својот прелистувач Internet Explorer во која главна тема се деведесетите години, односно работите во кои сме уживале пред интернет популацијата да биде толку масовна. Со сигурност оваа реклама ќе допре до корисниците кои ги начекаа модемите од 56k, ако чипи-чанот ви беше домашно милениче, патики кои светкаат и слично.
Преку оваа реклама Microsoft сака да истакне дека Internet Explorer е подобар од било кога и тоа го пренесува преку пораката „Ние пораснавме. Па и вие. Поврзете се со новиот Internet Explorer“, по што ги насочува корисниците на http://browseryoulovedtohate.com/ од каде што може да добијат повеќе информации. Но, од друга страна, рекламата исто така може да ви каже дека сте пораснале и знаете дека може да користите пофункционални работи, пример Chrome или Firefox.
Погледнете ја новата реклама.
Defekt e videoto
defekt si vo glata,… nego ova dete od 90tite sto gi maltretiralo drugite deca…