0 коментари 2 мин. читање 25 јануари, 2013

Германски суд пресуди дека Интернетот е „неопходна услуга“

Германија го прогласи Интернетот како „неопходна услуга“. Ова значи дека ако пристапот до Интернет е нарушен ошетените Германци ќе имаат право да побараат надомест на штетата, известува Reuters.

Решението е донесено по одлука на судот од Карлсруе откако еден жител два месеци не можел да ја користи DSL линијата во период од 2008 до 2009 година. Линијата освен за интернет ја користел и за телефон и факс. Откако судот пресудил во нагова корист и му одобрил оштета за користење на мобилна телефонија, тој решил да побара компензација бидејќи не можел да користи и интернет.

„Најголем број на жителите на Германија користат Интернет секојдневно. Според тоа тој стана суштествена потреба во општеството, нарушување на пристапот има големо влијание на секојдневниот живот.“, изјави портпаролот на судот.

Во Германија неможноста да се обезбеди користење на основните права е казниво дело, а засегнатите може да бараат да бидат обештетени. Со оглед на тоа дека станува збор за прв ваков спор, пресудата ќе претставува преседан за идните случаи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top