Apple забележа рекордни 54,5 милијарди долари приходи во четвртиот квартал на 2012-та година. Заработката во истиот период е исто така рекордна, 13,1 милијарди долари, објави гигантот од Купертино. Во овој период компанијата продаде: 47,8 милиони iPhone-и, 22,9 iPad-и и 4,1 милиони Mac. Во споредба со истиот период предходната година продажбите на iPhone и iPad забележуваат пораст (37 и 15,4 милиони минатата година), продажбата на Mac забележува намалување од 1.1 милиони уреди. Намалена продажба има и во iPod 12.7 милиони годинава за разлика од 15,4 милиони лани.
„Многу сме возбудени од рекордните приходи од 54,5 милијарди и продажба од над 75 милиони iOS уреди во еден квартал. Сигурни сме во производниот процес и продолжуваме да се фокусираме на иновации и на производство на најдобрите продукти во светот.“, изјави директорот Тим Кук.
Сепак, не оди се во прилог на Apple, голем дел од својата изјава г. Кук мораше да оддели да ги убеди акционерите дека компанијата се движи во вистински правец.
„Сакам да одделам време и за различните гласини, сомнителна е точноста на податоците за нашите планови, иако делови од информациите се точни, невозможно е точно да ги интерпретирате.“, изјави г.Кук.
Сепак можеби компанијата во минатото премногу ги користење шпекулациите за да го зголеми рекламирањето на своите производи и сега тоа им се враќа во најлош можно време, потсетува Gigaom. Apple нема намера да инвестира во производство на телефони со различна големина со цел да го зголеми пазарот и нема намера да работи на свој „фаблет“, продолжи г.Кук. За иднина остануваат плановите за проширување на пазарот во најбрзо растечката економија – Кина. засега пред се поради цената тешко е веројатно дека iPhone ќе успее да ја загрози целосната доминација на ефтините, но и се поквалитетни Android телефони.
За вториот квартал во 2013, Apple предвидува приходи помеѓу 41 и 42 милијарди долари.