0 коментари 2 мин. читање 16 септември, 2013

Кои се говорниците на TEDxSkopje City 2.0?

Како што веќе објавивме на 21 септември ќе се оддржи втората TEDxSkopje конференција, со тема City 2.0. TEDxSkopje со нас сподели информации за тоа како ќе се одвива настанот, говорниците и темите кои ќе ги презентираат.

Говорниците ќе бидат поделени во 4 сесии:

  • Редефинирање на граѓанинот
  • Пресоздавање на урбаното искуство
  • Обмислување на градот
  • Прекројување на географиите

Листата на говорници и презентери сеуште не е целосно затворена, а ова се веќе потврдените гости:

  • Митко Хаџи Пуља – професор по архитектура
  • Минас Бакалчев – професор по архитектура
  • Јан Зилстра – одржливи градини, презентација на англиски јазик
  • Елена Ставревска – презентација на тема редефинирање на граѓанинот
  • Небојша Илијевски – Лице в Лице – за редефинирање на граѓанинот преку транзицијата на духот бивајќи изложен на социјалните промени и медиумската сфера
  • ТЕАТРА – Театар насекаде – за пренесувањето на театарот во градот
  • Александра Шекутовска во делот Обмислување на градот
  • Зоран Дранговски – ќе зборува на тема “Невидливите граѓани”, односно за граѓаните без документи и правото да се има права
  • Шутка Рома Рап – презентација и мал перформанс

Дополнително ќе се пушта по едно видео по сесија од настанот кој се оддржува на 20-ти Септември 2013 неколку часа пред настанот во Скопје. Со оглед на лиценцата конференцијата е ограничена на 100 посетители, а настанот ќе биде пренесуван преку стрим за сите кои нема да имаат среќа да присуствуваат во живо.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top