Microsoft сака да ги откупи вашите стари iPad и Samsung мобилни уреди

Microsoft е сериозен во своите намери сериозно да не подзамисли и да ги одбереме токму Surface таблет компјутерите или Windows Phone паметните телефони. Новата понуда на компанијата трае до 27 октомври, а овозможува корисниците да ги заменат своите iPhone, iPad или Android уреди, за вредносни ваучери со кои можат да купат Microsoft мобилни уреди.

Откако минатата недела понудија 200 US долари за уредите, сега Microsoft ја покачи откупната цена на 350 US долари. Покрај наведените производи од Apple, компанијата ќе откупува и Samsung, HTC, Lenovo, Blackberry, а листата на уреди е навистина предолга за да ги наведеме сите. Овие уреди ќе бидат проценети и заменети со картичка од Visa на која ќе ги имате на располагање парите на кои е проценет уредот.

За жал промоцијата барем засега е достапна единствено во Северна Америка, но потегот ја покажува определбата на компанијата да издржи на својот пат за промоција на телефоните и таблет компјутерите кои доаѓаат со Windows оперативен систем.

Единствен услов за користење на понудата е по 30 дена корисниците да приложат доказ дека го искористиле „ваучерот“ за купување на производ кој доаѓа со Windows 8 или Windows Phone оперативен систем. Производот дури не мора да биде произведен од Microsoft, туку од некој од партнерите на компанијата на пример за телефони покрај Lumia, подржани се и HTX 8X и 8XT, Huawei W1 или Samsung Ativ Odyssey.

Се чини дека потегот е повторно насочен кон Apple чии уреди се единствените кои конкурираат за 350 долари. Ќе биде интересно да го видиме одговорот од Купертино, без сомневање нема уште долго да ја трпат негативната кампања и ваквите напади од Microsoft.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments