Можеби GTA V е најдобро продаван дел на GTA серијалот, но во голем дел популарноста на играта пред сè, се должи и на популарноста на серијалот кој е присутен повеќе од 15 години.
GTA 1 или само GTA е почетокот на неверојатниот серијал на Rockstar Games тогаш под името TMA Design Ltd., во најголем дел дизајнирана како 2Д-возачка игра, играњето со карактерот надвор од возилото додава елементи на авантура и акција нешто што дотогаш ретко се гледаше. Првото изданиe на играта е сега бесплатно, а може да го преземете од тука.
Со новите графички картички и 3Д, дојде време за еволуција и на серијалот во 3Д, GTA 3 e првата 3Д- верзија во франшизата кој оттогаш продолжи во овој правец. GTA 3 имаше и импресивен број на актери кој соработуваа на играта, огромна мапа и забавна приказна.
До излегувањето на GTA V според голем дел од фановите беше најдобар дел на серијалот. Одлична приказна, ликови и избор на актери за гласовите ја прави GTA: San Andreas една од омилените игри во серијалот, огромната мапа по која можете слободно да се движите секако е одличен додаток.
Иако одлична графички GTA IV имаше недостатоци токму кадешто претходниците беа најдобри. Плитка приказна и невообичаено лош избор на актери придонесоа, играта (барем мене) да не биде забавна колку претходникот. Се разбира колку што може да биде незабавен еден од најдобрите серијали на видео игри.
GTA V заработи 800 милиони US долари за само еден ден…засега нема PC верзија за GTA V и се надеваме дека нема да ја запомниме оваа епизода како прва која не излегла за PC.






Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.