0 коментари 2 мин. читање 18 јуни, 2012

Следете го EXIT преку редизајнирана мобилна страна и Android и iOS апликации

Останува помалку од еден месец до EXIT, еден од најдобрите музички фестивали во Европа. Доколку одите во Нови Сад,  сигурно ќе ви се најде редизајнираната  мобилна страна со која организаторите сакаат полесно и поудобно да ги информираат посетителите. Според организаторот, новата мобилна страна е оптимизирана и едноставна за навигација. Освен ова изработени се и апликации за Android и iPhone кој се бесплатни. Апликациите можете да ги преземете од Google Play и Apple Aps Store.

Со апликациите ќе можете да го следите распоредот, бендовите кои настапуваат, информации за групите и другите настани. Најголем дел од вестите ќе може да се прегледуваат без пристап на интернет, но пожелно е одвреме навреме да се приклучите за да се ажурираат новите информации. Најактивни корисници на Android и iPhone апликациите ќе добијат како награда VIP Златни карти за Exit 2013.

Фестивалот започнува на 12 јуни, а листата на листата на бендови, DJ-и и музичари кои ќе настапат можете да ја разгледате тука.

[youtube]rwUjwEme_YY[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top