0 коментари 1 мин. читање

Microsoft преведува во реално-време

Оваа технологија навистина ќе ни овозможи универзално разбирање и премостување на границите меѓу различните јазици. Но ќе треба да почекаме уште малку да стане добра за користење. Како што може да се види од видеото, разговорот меѓу англискиот и германскиот јазик се уште не е перфектен и покрај тоа што демото е направено да биде меѓу тие два јазика. Дали ќе функционира исто толку добро кога ќе имаме преводи меѓу македонски и германски, на пример?

Но, како што велат од Мicrosoft – „Можно е!“

Project Gustav

Еве уште нешто навистина интересно од Microsoft. Заедно со преведувањето во реално време беше преставен и Project Gustav како иден проект. Gustav е технологија која ги претвара реалните движењата на уметникот на дигитална површина во виртуелни движења произведувајќи реалистичен цртеж со правилни движења на четката.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top