HP, Lenovo и Asus се првите производители на компјутери кои ќе произведуваат Windows 10 компјутери со ARM процесор. Компјутерите ќе доаѓаат со Snapdragon 835 процесор од Qualcomm за кој објавивме претходно.
Можеби очекувано првите компјутери со ARM процесор ќе бидат 2-во-1 хибриди. Најголема предност на овие процесори е енергијата која што ја трошат, па новите лаптопи ќе можат да работат и 20 часа помеѓу полнењето.
Првите претставени уреди се: Asus NovaGo 2-in-1 и HP Envy x2.
Asus NovaGo
Покрај Snapdragon 835 процесор, лаптопот доаѓа со до 8GB RAM меморија и 256 GB универзален флеш диск (UFS 2.0). Лаптопот доаѓа со 13,3-инчен HD екран, а основниот модел 4 GB RAM и 64 GB слободен простор. Двете верзии доаѓаат со LTE.
Цената на уредите е 600 и 800 US долари.
HP Envy X2
Лаптопот од HP доаѓа со малку помал екран, 12.3-инчи. Envy е малку поблиску до таблет отколку до лаптоп иако тастатурата овозможува поголема продуктивност. Уредот може да работи до 20 часа на едно полнење, а во стендбај може да седи до 29 дена. Слично како и лаптопот на Asus и овој уред ќе доаѓа со максимални 8GB RAM и 256 GB слободен простор.
Двата уреди доаѓаат со Windows 10 S верзија наоперативниот систем, иако надградбата на Windows 10 Pro ќе биде бесплатна, вели Ars Technica.