Од центарот за заштита на Microsoft објавуваат дека пронашле малициозен код во Chrome и Firefox кој го хакира вашиот Facebook профил, а се инсталира преку некојa од екстензиите и додатоците за овие два прелистувачи.
Според Microsoft, се работи за Trojan:JS/Febipos.A кој за разлика од останатите додатоци за Chrome или Firefox, тој директно се ажурира со последните инструкции зададени од неговите автори. Тројанецот работи на тој начин што проверува дали корисникот е најавен на својата Facebook сметка, при што ја презема конфигурационата датотека која вклучува неколку команди.
Според откритието од Microsoft, авторите на овој малициозен код доаѓаат во целосна контрола со корисничката сметка и може да објавуваат статуси во негово име, лајкуваат страници, додаваат пријатели и сите останати акции.
Во моментот додатокот не е многу проширен и според нив во моментот оперира низ Бразил, но тој лесно може да биде приспособен да работи и за повеќе корисници од други региони. Internet Explorer и Safari не се загрозени од овој малициозен код, а од Microsoft препорачуваат да ги чувате вашите алатки за безбедност на најновите верзии.








„Microsoft објавуваат дека пронашле малициозен код во Chrome и Firefox кој го хакира вашиот Facebook профил,“
– Користете IE…./јк