Microsoft потврди дека Windows RT уредите ќе доаѓаат со бесплатен Office

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Новите Windows RT таблет компјутерите ќе доаѓаат со бесплатен Office пакет, вели Microsoft. Од компанијата очекуваат потегот да биде поздравен пред се од студентите, иако таблет компјутерите се наменети за сите индивидуални корисници.

Новиот пакет е наречен Office Home & Student 2013 RT и ќе биде достапен на денот на излегување на првите Windows 8 таблет компјутери, 26 октомври. На почетокот ќе има само „preview“ верзија која ќе биде надградена преку Windows надоградбата која ќе се реализира во период помеѓу ноември и јануари.

Windows RT таблет компјутерите кои работат на ARM чипови, ќе имаат Office пакет со одредени ограничувања, иако Microsoft вели дека корисниците нема да бидат оштетени поради тоа. Како пример се најавени Flash видеата кои нема да можете да се поставуваат во оваа верзија на софтверот. Покрај ова едно сериозно ограничување е недостатокот на Outlook за овој пакет, па корисниците поштата ќе ја испраќаат преку имејл апликации кои ќе бидат достапни во Office пакетот. Причината за ова е што Microsoft сака да ја промовира употребата на Windows RT таблет компјутерите кај индивидуалните корисници, а за бизнис секторот ќе биде понуден Windows 8 таблет комјутерот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments