Google конечно ќе ја додаде опцијата „Не ме следи“ во својот прелистувач. Опцијата достапна на најновата тест верзија на Chrome e наменета корисниците да одберат да не бидат следени од веб колачиња и таргетирани реклами.
Според многумина, оваа опција, која сега е дел од сите популарни прелистувачи, е добредојдена бидејќи ја штити приватноста на корисниците. Но, за огласувачите и сајтовите Do Not Track може да претставува проблем и, според VentureBeat, може да го „уништи Интернетот како што го знаеме“.
Поентата е дека ако огласувачите губат, тогаш ќе губат и веб сајтовите кои зависат од рекламите (а тоа се сите)што ќе штети ни на содржината. Поголемиот дел од реклами кои ќе ги видат корисниците ќе станат нерелевантни, и со тоа и бескорисни.
Google се придружува на Mozilla и Microsoft во додавање на Do Not Track во своите прелистувачи, иaко Microsoft отиде чекор подалеку активирајќи го Do Not Track како зададена (default) опција во Internet Explorer 10, што отвори дебата меѓу веб експертите како World Wide Web Consortium (W3C) и програмерите на Apache серверите кои велат дека ќе ја игнорираат Do Not Track барањата од IE10 бидејќи веруваат дека на корисниците треба да им се даде избор како што е според „отворените стандарди“.