1 коментар 2 мин. читање 14 септември, 2012

Казнет е првиот француз според новиот анти-пиратски закон, иако тој не симнувал содржини

Франција го казни 40 годишниот Алан Превост кој го прекрши контраверзниот анти-пиратски закон Hadopi со 300 евра, но 150 евра од казната веднаш му се простени. Според г. Превост тој не е пират, туку нелегалната содржина била на неговиот компјутер без негово знаење.

„Се бранев без адвокат, бидејќи прифатив дека мојата сопруга ги презела песните, тие беа на мојот компјутер без мое знаење. Јас дури и не користам страни за симнување содржини. Со добра волја се претставив без адвокат. Сепак  јас сум чесен човек и признавам дека песните беа на мојот компјутер.“, вели г.Провост во ексклузивното интервју за Pcinpact.

Законот се темели на 3 прекршоци за кој пиратите добиваат опомени. Доколку продолжат со пиратирањето, против нив отпочнува постапка, а казната може да достигне до 1.500 евра. Првиот чекор е исклучување на интернет врската, и против пиратите може да биде почната и прекршочна постапка.

Целиот случај ја истакнува лошата замисла на законот бидејќи поранешната сопругата на  г.Превост призна дека токму таа, не тој, ги предземала споменатите содржини. Станува збор за музика од Риана која е предземена од ISP профил кој е на името на г. Провост.

Откако владината агенција по втор пат го предупредила г.Превост, тој повикал експерт кој ги отстранил проблематичните содржини, а во судот ја приложил и сметката на експертот кој го „исчистил“ неговиот компјутер. Г. Превост потоа им пишал на Hadopi агенцијата но добил одговор во имејл кој не можел да го прочита бидејќи немал интернет пристап. Агенциајта потоа го повикала г. Превост во Париз, но тој не сакал да плати за патувањето од источна Франција каде живее, по што следела судската постапка.

Минатата недела франциската Hadopi агенција објави дека милион корисници се опоменати, а против четиринаесет е почнат судски процес.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Хикс
Хикс
13 years ago

„…ги презела песните…“, а не „…ги преземала песните…“. Поздрав.

Мени
Заедница
Изглед
To top