Првите чекори за оживување на Megaupload го доведоа Ким Дотком во ќорсокак. Африканската држава Габон која го држи доменот .ga стравува дека овој потег може да им наштети на меѓународниот углед, и затоа се реши да го блокира пристапот до Me.ga.
„Габон нема да биде платформа за нарушување на авторските права, ниту ќе бидеме користени од бескрупулознии поединци.“, изјави министерот за комуникации на оваа африканска земја.
Пред се стравувањата на Габон се дека на страната ќе биде споделувана содржина која ќе ги нарушува авторските права. Што се однесува до овој дел се чини дека Габон е потполно во право имајќи во предвид какви содржина досега беше споделувана на Megaupload, и покрај тоа што г. Дотком проблемот го сведе на „bad faith witch hunt“. Сепак чуден е фактот што властите во Габон сепак му „судат“ за криминал кој сè уште не е направен и за содржини кои сè уште не се поставени на страната.
Но, се чини дека потегот на Габон е инициран од забавната индустрија. TorrentFreak објаснува дека доменот .ga го држи Gabon Telecom кои се фирма-ќерка на Vivendi Enterteinment Group, групација која е во тесни врски со големите холивудски студија кои сигурно не сакаат да помогнат во хостирање на сајт против кој се борат со сите свои сили.
За да биде ситуацијата уште поинтересна, група хакери велат дека имаат контрола врз доменот Me.ga. Хакерите со име Omega не се фанови на Ким Дотком, напротив, велат дека е „мегаломанијак кој ги злоупотребува артистите“, и затоа за да му наштетат ќе го продадат доменот на неговите непријатели – студиото Universal, кое, според хакерите, е исто толку лошо како Ким Дотком.
Што се однесува до основачот на Mеgaupload, тој најави дека има план Б. Поточно, станува збор за алтернативен домен кој по се изгледа нема да биде во Габон. Најави и дека содржините кои ќе ги поставуваат корисниците на страната ќе бидат енкриптирани.
Don’t worry. We have an alternative domain. This just demonstrates the bad faith witch hunt the US government is on.
— Kim Dotcom (@KimDotcom) November 6, 2012
Во моментот Ким Дотком живее во Нов Зеланд и се обидува да ја спречи својата екстрадиција во САД каде што го чека 20 годишна затворска казна. Казната е поради тоа што г.Дотком е прогласен за илегална заработка од 175 милиони долари со прекршување на авторски права.