Microsoft подготвува 7-инчен таблет компјутер

во Хардвер

Moжеби Surface не ги исполни целосно очекувањата со своите 1,5 милиони продадени уреди, но тоа беше прв Windows 8 таблет компјутер од Microsoft кој требаше да биде предвесник на тоа што следува. А тоа што следи е нов, помал 7-инчен таблет компјутер. Интересно, помал таблет компјуер не бил во минатогодишните планови на Microsoft, но директорите во компанијата сфатиле дека помалите уреди како Nexus 7 и iPad Mini стануваат се попопуларни, вели Wall Street Journal.

Ниту еден од партнерите на Microsoft не произведе помал Windows 8 уред бидејќи Windows 8 сертификатите наложуваат уредите да имаат екран со минимална резолуција од 1024×768 (намалено од 1366×768). Таквите ограничувања ги ставаат Microsoft и партнерите во незавидна положба на пазарот. Според аналитичарите IDC, половина од испорачаните таблет уреди се помали од 8 инчи. Но, додека расне продажбата на таблет компјутерите, продажбата на десктоп компјутерите се повеќе се намалува. Според IDC, Windows 8 наместо да го разбуди тој пазар, всушност го забави.

Мicrosoft наскоро ќе ја претстави Blue надоградбата на Windows 8 со која може да изгради стратегија и за помали таблет компјутер. Според изворите на WSJ, Microsoft можеби наскоро и ќе ги намали цените на Windows и Office пакетите за да ги мотивира производителите да креаираат помали и поевтини уреди што ќе работат на Windows. Дополнително, Microsoft работи и на свој паметен телефон, но не се знае датумот кога (и дали?) ќе биде претставен.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments