0 коментари 2 мин. читање 7 февруари, 2011

Мicrosoft објави екстензија да го врати H.264 во Chrome

„Како дел од интероперабилното премостување, го направиме достапен Windows Media Player HTML5 екстензијата за Chrome, која е екстензија со која Windows корисниците кои користат Google Chrome да може да гледаат H.264 видео.“, вели Microsoft во блог пост.

Google неодамна рече дека нема да го поддржи H.264 видео кодекот во својот прелистувач Chrome, велејќи дека овој кодек не е отворен и дека е под патент, се плаќаат лиценци за негово користење, при тоа одбирајќи ги за Chromе отворените WebM и Theora како единствени HTML5 видео кодеци.

Chrome ќе продолжи да го поддржува Adobe Flash кој користи H.264 видео кодек, но одлуката се однесува на HTML5 видеото, кое е дизајнирано да не користи надворешни плагини како Flash.

Со неподдржувањето на H.264, Google, заедно со Firefox и Opera кои исто не го поддржуваат H.264, ја стартуваше „војната на HTML5 видео стандардите” контрирајќи им на Microsoft и Apple кои сакаат H.264 да стане стандард. Спорот најверојатно ќе се реши така што двете страни ќе си направат свои плагини/екстензии за поддршка во туѓите прелистувачи. Впрочем Google веќе спрема WebM плагин за IE 9.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top