0 коментари 1 мин. читање

Facebook претстави две програми за користење на виртуелните Credits

Купувај со пријатели

Оваа програма овозможува попуст на пријателите откако ќе се купи нешто во игра. Откако корисникот ќе купи некое виртуелно добро користејќи ги Facebook Credits, и ќе го сподели тоа на својот профил, неговите пријатели ќе добијат попуст на тие виртуелни добра во апликацијата.

Според тестовите на Facebook, половина од тестираните корисници го споделиле тоа што го купиле. Ова е вид стратегија за поттикнување на вирално групно купување, со која развивачите ќе одберат кои виртуелни добра ќе можат да се споделуваат и да имаат попуст.

Еден клик купување

Втората стратегија (Frictionless payments) е наменета за мали купувања со кои корисниците можат да купуваат додека се во апликацијата, без да ја напуштат. Наместо користење на Facebook Credits интерфејсот, корисникот ќе купува преку интерфејсот на апликацијата (читај:друштвените игри).

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top