Зошто треба секогаш да му плаќате на вашиот веб дизајнер

во Веб, Совети

Дизајнерот, чиј идентитет не е познат, вели дека откако упорно се обидувал да наплати било која од сметките од нивниот вкупен долг, и не успeал, влегол во интернет страницата и ја сменил целата содржина за да ја раскаже својата ситуација.

Тој меѓу другото на неговата верзија на страницата која сега е целосно недостапна, вели: „Ве молам имајте во предвид дека јас чекав со години за оваа компанија да плати. Ја хостирав нивната страна од 2007. Ова сум јас како веќе се откажувам”. Меѓу другото вели и дека не би му верувал на доктор кој не би платил некоја ваква сметка која е минимална во однос на докторски примања.

Страницата е симната попладнето истиот ден, ама предоцна за да не се рашири приказната која првин се појави на Reddit, кориснички агрегатор на вести со над милиони дневни посети, а потоа и на други блогови и сајтови.

Како што истражував понатаму, дознав дека оваа компанија била компанија со стабилен бизнис кој добро работела повеќе време. Искрено, тажно е што воопшто не ги вреднувале услугите на веб дизајнерот. Не знам дали се свесни колку штета направиле на својот имиџ, и дека отсега ќе бидат запаметени како компанијата која не му платила на својот веб дизајнер.Потегот на дизајнерот воопшто не е зрел и промислен, но вакво нешто е и реално да се очекува по таков однос од компанијата. Секој би се навредил, иако можеби секој не би одбрал ваков начин на одмазда.

Winona Chiropractic Center

Побарав некои слични случки како оваа од овој викенд, но успеав да најдам само уште една. Изгледа нема многу други храбри веб дизајнери.

Utility Bidder се соочиле со истите проблеми како и компанијата за која разговаравме предходно, бидејќи одбиле да го платат својот долг. По излив на бес како и неговиот колега, ги сменил лозинките на страницата и на неа ја испишал својата фрустрација. Сепак, следниот ден решил да биде малку посубтилен и само ја симнал страната оставајќи една порака: Ако вие сте уште еден веб дизајнер кој е платен да го смени ова, погрижете се да бидете платени однапред.

Страницата пред да ја променат:

UtilityBidder

[poll id=”13″]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] This post was mentioned on Twitter by Viktor Arsovski, Yordan Radunchev. Yordan Radunchev said: RT : Зошто треба секогаш да му плаќате на вашиот веб дизајнер – http://bit.ly/dRgb00 […]