GoPro претстави три нови камери за сечиј џеб

во Хардвер

GoPro најави три нови 4К и FullHD камери кои ќе излезат на 5 октомври и кои ќе имаат низа подобрувања. Покрај подобрата резолуција, новите камери имаат подобра слика при ноќно сликање, можност за осетливост до 6400 ISO, а при ноќно сликање сензорот може да остане отворен до 30 секунди.

[youtube]_rcDPF14sr0[/youtube]

GoPro сакаше да понуди камера за секој, и ги претстави трите нови камери кои се разликуваат по перформансите, но и најважно и по цената.Hero 4 Black e најскапата камера која доаѓа во оваа серија и чини 500 долари. Овозможува снимање на видео со резолуција 4К и 30 fps или при резолуција од 1080р 120 fps; камерата доаѓа и со Wi-Fi и Bluetooth конективност со можност за поврзување со телефон или далечинско, а според GoPro подобрен е и квалитетот на аудиото. Hero 4 Silver чини 400 долари и овозможува снимање на видео со резолуција 1080р и 60 fps, но доаѓа и со вграден екран на допир кој овозможува прегледување на снимките. Најевтиниот модел доаѓа за 130 долари и не е импресивен како поскапите модели, но сепак овозможува сунмање на 1080r видео при 30 fps и при 60 fps видео квалитет од 720р. Сепак овој модел доаѓа и без напредна технологија за снимање во ноќни услови.

Новите камери доаѓаат со нов GoPro Studio софтвер, кој овозможува спојување на фотографии во видео, додавање на колот филтри или промена на брзината, експозицијата или промена на палетата на бои.

[youtube]BKM9jAqJZoY[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments