0 коментари 1 мин. читање 7 ноември, 2013

Мicrosoft и Facebook нудат пари за најдени безбедносни грешки во веб технологии

HackerOne е нова иницијатива со која Microsoft и Facebook ќе им платат на хакерите и безбедносните експерти кои ќе најдат грешки во клучни веб технологии, како PHP, OpenSSL, Apache и Python. Право на учество имаат сите заинтересирани експерти од различните земји.

Паричната награда ќе биде одлучена од панел на волoнтери од Microsoft, Facebook и Google, кој им се приклучува на конкурентите како членови од жирито. Но, како што велат компаниите, тие можат да бидат конкуренти на други полиња, но нивните безбедносни тимови ќе соработуваат за иста цел – побезбеден интернет. Нивната конкуренција во овој случај се криминалците кои сакаат да им наштетат на корисниците. Минималната награда за најдените грешки е 5.000 долари.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top