2 коментари 1 мин. читање

Пожар ја зафати Интернет архивата, но податоците не се уништени

Синоќа се запали еден од 30-те центри за скенирање на Интернет архивата, но за среќа никој не е повреден, ниту се изгубени податоците. Не-профитната организација e уникатен веб сервис кој ја архивира историјата на Интернетот со зачувување на копии од сајтовите и електронски форми на културните знаменитости. Архивата е одлична алатка да најдете вести кои изчезнале од Интернет, да ги проверите постарите верзии на сајтовите или да најдете аудио и видео материјали од значајни минати настани.

Основачот на архивата, Брустер Кал, рече дека пожарот бил сериозен и зафатил црква и домови кои биле во близината на зградата. Осум луѓе морале да бидат раселени додека не се санкционираат штетите. Архивата изгуби скенери, камери и светла чија штета се проценува на 600.000 долари, во кои спаѓаат и поправката на зградата која се користела за скенирање. Доколку сакате да и помогнете на организацијата линкови до донациите може да најдете на официјалниот сајт.

[youtube]ec_-fgy3EGY[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top