0 коментари 2 мин. читање 7 ноември, 2013

Апликација на денот: Чукни со Knock на iPhone за да го отклучиш твојот Mac

Knock е уникатна iOS апликација за корисниците на кои им е здодеано постојано да внесуваат лозинки за да се логираат на својот Mac. Наместо куцање на текст, компјутерот се отклучува со чукнување два пати на iPhone. Мобилната апликација е поврзана со компјутерот преку Bluetooth Low-energy, но ќе мора да е активна постојано на вашиот iPhone во позадина за да може да го детектира Mac компјутерот. Поради Bluetooth технологијата, Knock е достапен само за iPhone 4S+, и за поновите Mac компјутери од 2011 година па наваму. Користи RSA енкрипција за безбедност на лозинката, и прикажува нотификации секогаш кога ќе се доближи корисникот до компјутерот.

Aпликацијата прво била замислена да го отклучува Mac компјутерот кога корисникот ќе се доближи до него, пишува TechCrunch, но Вилијам Хендерсон и Џон Шлосберг, програмери кои работеле во Square, откриле дека корисниците сакаат да чујат звук дека се извршува некоја акција, односно звук кој им дава чувство дека се во контрола на своите заклучени уреди. Стартапот има во план да ја претвори оваа уникатна мобилна апликација во алатка за логирање на сајтови преку прелистувач, па дури и да развијат интернет-на-нештата сервис за отклучување на врати по домовите. Но, за сега идејата е достапа само на iOS за 4 долари за мобилна апликација, додека Mac клиентот е бесплатен.

[youtube]CyX8FfSKg04[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top