Microsoft го ребрендира Windows Phone Marketplace во Windows Phone Store

во Мобилни

Според информацијата која е објавена на Windows Phone Dev Center (под текстот за испраќање на апликација), изгледа дека од Microsoft ќе го ребрендираат Windows Phone Marketplace во Windows Phone Store. Marketplace веќе е заменет со Store и на неколку други страници.

Од компанијата сè уште немаат официјално известување за тоа, но ова нималку не е зачудувачки, бидејќи Windows 8 веќе има свој Windows Store, па најверојатно се работи за синхронизација на брендовите меѓу десктоп и мобилниот ОС, а можеби наскоро ќе видиме и ребрендирање на Xbox Live Marketplace.

„Новиот развивачки центар за Windows Phone има сè што ви е потребно за да создадете одлична апликација и ја додадете во Windows Phone Store, така што целиот свет ќе може да ја види, проба, и купи.“, пишува на страницата за приклучување.

Дополнително од тоа што може да се открие од постот е дека во Windows Phone 8 ќе бидат овозможени микро-трансакции, односно купување од внатре во апликацијата. Но, ова опција нема да биде достапна за корисниците на постари верзии на мобилниот ОС.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk