0 коментари 1 мин. читање

InternetArchive oвозможи симнување бесплатни филмови преку торенти

Internet Archive, страната која бесплатно и легално овозможува симнување на книги, филмови и музика, го промени начинот на кој ги споделува содржините. Од сега содржините ќе може да се симнуваат и преку торент линкови наместо досегашната пракса „direct download“. Покрај оваа промена архивата ја надополнија и со повеќе култни филмски класици меѓу кои и Night of the Living Dead и Charlie Chaplin’s The Vagabond.

За оваа цел достапни се два сервери и се разбира останатите корисници кој симнуваат или ја симнале содржината. Internet Archive се надева дека со ова содржините ќе им бидат достапни и на корисниците со пoспора и помалку стабилна интернет конекција.

За симнување содржини е потребен торент клиент, на пример uTorrent, Azureus или Transmission.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top