0 коментари 2 мин. читање 8 август, 2012

Автономниот автомобил на Google извози 483.000 километри

Проектот на Google за кој најверојатно сите знаете – автомобилот без возач, т.е. автономните автомобил, ги извози своите околу 483.000 километри без никакви инциденти.

Google лиценцата за тестирање на овој автономен автомобил ја доби во мај годинава, а од компанијата најавуваат дека пред нив сè уште има долг пат за минување. Сè уште е потребно унапредување на автомобилот за тоа како да се однесува на снежна подлога или како да ги толкува знаците кои се поставуваат додека има работа на патот. 

Иако целото возење е компјутерски контролирано, од компанијата мислат дека сè уште не е време да ги испратат сами на пат, но најавија дека на неколку свои инжинери ќе им дадат по еден автомобил за секојдневно одење на работа. 

„Се надеваме дека еден ден луѓето ќе бидат попродуктивни во своите автомобили. Но, сега за сега нашите вработени ќе останат на возачкото место за да може да ја вратат контролата над возилото, доколку има потреба од тоа.“, вели Крис Урмсон, главен инженер за овој проект.

Google не се единствената компанија која експериментира со овие автономни возила, кои несомнено ќе бидат дел од нашите животи во блиска или далечна иднина, зависно од колку се покажат дека се безбедни. Покрај Google, и Volvo заедно со ЕУ експериментира со автономни возила.

[youtube]cdgQpa1pUUE[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top