Microsoft можеби срамежливо се повлекува од индустријата за паметни телефони, но барем засега нема намера да се откаже од лаптопите. Компанијата претстави нови Windows 10 лаптопи наменети за училишатата. Со цената од 190 долари, лаптопите ќе бидат вистински конкурент за Chromebook.
Компанијата ветува дека компјутерот е доволно моќен за видео содржини, но и за проширена реалност. Лаптоп подготвува и Lenovo кој е малку поскап, 300 евра, но доаѓа со електронско пенкало и можност за користење како таблет и лаптоп. Компјутерите доаѓаат со поевтини и полоши чипови, но за таа цена секако не очекувавте „ѕвер“. Оперативниот систем е неодамна претставениот Windows 10 S на кој функционираат апликации од Windows Store.
Главна мотивација за користење на овие лаптопи ќе биде содржината која ја обезбедува Microsoft. Minecraft: Education Edition е една од содржините со кои Microsoft се обидува да ги привлече образовните иснтитуции за помладите. За повозрасните, HoloLens и проширената реалност ќе бидат можеби главната мотивација за Windows машина.
Дополнително, дел од партнерите на Microsoft, како Lego и BBC и самите придонесуваат со своја содржина. BBC со едукативни серии, а Lego со препознатливите коцки.