Amazon Go е потполно автоматизирана продавница од иднината

во feature, Свет

Без касиерки или чекање за плаќање, новата Amazon Go продавница ќе ги пречека првите купувачи.

Amazon нема вистински продавници. Компанијата има магацини од кои купувачите купуваат онлајн, но десега немаше продавница. Amazon Go отвора во Сиетл и е преполна со технологија.

Целата продавница е преполна со камери. На помал простор од десетина метри квадратни има можеби и повеќе од 20 камери. Камерите ги следат корисниците постојано, обезбедувајќи дека никој нема да си замине со неплатен производ. Дополнително, камерите го следат и изборот на производ и се дел од системот за наплата.

Продавницата не е сосем без вработени. На влезот на продавницата купувачите ги пречекува домаќин, а дополнитело и пред пултовите на кои стои алкохол има продавач кој ја прегледува личната карта.  Продавницта има околу 6 вработени кои можат да се забележат, вели Recode кој ја поседи Amazon Go продавницата.

Amazon ја користи првата продавница и за да ја тестира апликацијата. Корисникот може со паметен телефон на кој ја има апликцијата да ги ги скенира производите. Штом заврши со купувањето, може веднаш да замине од продавницата, а износот на сметката автоматски се наплаќа од Amazon сметката на корисниците.

Засега технологијата е во тест фаза, вистинските тестови ќе започнат со гужвите, кога ќе започнат да доаѓаат корисници кои сакаат да украдат некој производ и слично. Интересно, еден од проблемите кои ги забележа Amazon доаѓа од децата кои преместуваат производи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk