Microsoft ги саботира другите прелистувачи на новиот Windows 8, обвинува Mozilla

во Софтвер

Мozilla, компанијата зад прелистувачот Firefox, го обвини Microsoft дека го фаворизира Internet Explorer пред другите прелистувачи на некои уреди кои ќе работат на новиот Windows 8 RT.

Mozilla вели дека Microsoft дозволува креирање на апликации за новиот Metro интерфејс кои ќе работат на уреди со ARM чипови, но не дозволува креирање на апликации кои ќе работат на класичниот десктоп мод на Windows 8 за истите уреди. Во класичната верзија само Internet Explorer 10, прелистувачот на Microsoft, ќе работи како што треба.

„Еве што се случува. Зa Windоws на x86, Мicrosoft дозволува други прелистувачи да имаат исти привилегии како IE. Не е добро што не ги добивате овие привилигии (како пристап до одредени API-ја) ако не сте зададениот, default прелистувач, и затоа мислам дека ова е апсолутно нефер, но сепак сме во можност да изградиме конкурентен прелистувач за Windows корисниците на x86 чипови. Но, на ARM чипови, Microsoft му дава на IE пристап до специјални API-ја кои се неопходни за модерен прелистувач, но не дава пристап на другите прелистувачи кои немаат начин да се натпреваруваат со IE во смисла на функционалности и перформанси.“, вели Аса Дотзлeр од Mozilla.

Мozilla верува дека таблет и декстоп компјутерите на ARM чипови ќе бидат успех, и затоа не смеат да бидат ограничени да користат само Internet Explorer.

„Ќе погледнете еден ден и ќе видите дека постои само еден прелистувач. Ќе се вратиме од кај што почнавме.“, вели адвокатот на Mozilla, Харви Андерсон, за Wall Street Journal, објаснувајќи дека ваквото однесување на Microsoft го потсетува на 1998 година кога компанијата го саботираше тогашниот топ прелистувач Netscape.

Интересно и Google, чиј Chrome e третиот најкористен прелистувач, се согласува со Mozilla и вели дека мора да има простор за иновации на сите платформи.

„Секогаш ја поддржуваме иновацијата во прелистувачите за сите платформи и веруваме дека квалитетна конкуренција не принудува да работиме подобро. На крај, корисници и програмерите добиваат од конкурентноста.“

Microsoft одби да ги коментира обвинувањата на Mozilla и Google.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments