Друштвената мрежа го направи следен логичен чекор кон подобра промоција на бројните апликации и игри – претстави App Center, продавница за апликации преку која корисниците ќе можат да пребаруваат и откриваат нови игри и нови апликации со кои ќе ги спамираат своите пријатели.
Овој центар е од огромно значење за програмерите на апликации кои ќе можат полесно да си ги промовираат и да стигнат до популарна публика. Програмерите ќе можат да си постават своја странa на App Center со детали за апликациите. Facebook напоменува дека сите страни со детали за апликации мора да бидат во продавницата.
Важна новина е што сека програмерите ќе имаат можност да продаваат апликации. Ова нема да биде плаќање во смисла на микротрансакции внатре во играта, туку играчите ќе си платат еднократна сума и ќе добијат пристап до апликацијата.
Уште една интересна новоста е мобилната верзија. Оваа продавница ќе биде достапна на Facebook апликациите за iOS и Android преку која корисниците ќе откриваат апликации. Со неодамнешните промени во промоција на апликациите, сега ако корисник открие апликација во App Center, Facebook ќе го претпрати на соодветните мобилни продавници Google Play и Apple App Store за да си ја симнат.
Ова го става Facebook во одлична позиција со големите Google и Apple бидејќи програмерите ќе сакаат да ја претстават апликацијата пред 900-те милиони корисници на мрежата, а во исто време да се присутни и на соодветните продавници.
Дополнително, Facebook ќе ви сугерира апликации кои ќе видат одредувани според внатрешен рејтинг систем, како корисничкиот рејтинг за апликацијата, квалитетот на апликацијата, но и интересите на корисниците.











