Microsoft го промени името на Office Web Apps кои сега и официјално се викаат Office Online. Промената на името доаѓа бидејќи „Apps“ предизвикуваа забуна кај корисниците кои не сфаќаа дека станува збор за веб едитор и мислеа дека ќе треба да предземат дел од софтверот на својот компјутер. Покрај преименувањето Microsoft ќе го олесни споделувањето на документи и соработката на повеќе автори, известува Microsoft на својот блог.
Office Online како што наговестува името е онлајн верзија на пакетот на Microsoft во кои спаѓаат Word, Excel и Power Point. Засега пакетот наликува на Google Docs кој несомнено ќе им бидат најголема конкуренција. Покрај ова Microsoft ги исфрли на почетната страна сите делови на софтверот, бидејќи корисниците не можеа да ги пронајдат во OneDrive, поранешен SkyDrive, и претпоставуваа дека не постојат.
Се што е потребно за користење на овие алатки е профил на Microsoft и корисниците можат да ја користат бесплатната верзија на Office. Документите за зачувани на OneDrive, а корисниците можат да ги споделат со останатите текстовите што овозможува едноставна соработка. Покрај отворањето на документи на SкyDrive или креирање на нови дукументи, Office Online овозможува креирање на документи од бројни темплејти.
[youtube]_3WwmeijiTQ[/youtube]







