Мicrosoft ги објави спецификациите на Surface, започна претпродажбата

во Хардвер

Откако вчера ја објави цената на Surface, Microsoft започна и со претпродажба на Surface таблет компјутерите. Заедно со цената и почетокот на продажбата, подетално се презентирани повеќе информации за уредите.

Оперативниот систем кој е инсталиран ќе биде Windows RT, заедно со Office Home и Student 2013 RT Preview (Word, Excel,PowerPoint и OneNote). Останати апликации кои доаѓаат со таблетот се Windows Mail Windows Messaging, SkyDrive, Internet Explorer 10, Bing,  Xbox Music, Xbox Video и Xbox Games.

Големината на таблетот ќе биде 275х170х9 mm и ќе тежи малку помалку од 700 грама. Големината на екранот е 270 mm, а резолуцијата е најавена да биде 1366×768.  Процесорот на Surface е Nvidia T30 Tegra 3 на 1.4 GHz. Според слободниот простор Surface има две верзии 32 и 64 GB, но по инсталацијата на оперативниот систем и апликациите останува околу 20 односно 52 GB простор.

Surface има Wi-Fi и Bluetooth бежично поврзување или USB 2.0 за поврзување со кабел. Покрај овие портови има и простор за microSD картичка, порта за слушалки, HD видео излез и порта за поклопецот/тастатурата. Уредот има две 720р HD камери (предна и задна), два микрофони и стерео звучници.

Цената на уредите е од 500 долари за 32 GB верзија и 600 долари за истата верзија со тастатура. Поголема персонализација на Surface со избор на боја на тастатурата чини дополнителни 120-130 долари. Surface со 64 GB просотор и тастатура ќе чини 700 долари. Цените изгледаат превисоки, не заради недостаток на квалитет на уредот, туку  пред се имајќи во предвид дека Microsoft доаѓаат последни на пазарот на таблет комјутери кој во голема мерка веќе е зафатен со iOS и Android уредите.

Сепак за конечна оцена за цената ќе мора да почекаме на Surface Windows 8 Pro таблетот кој сè уште нема цена.

[youtube]ervY6As5OcI[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments