1 коментар 2 мин. читање

Asus PadFone 2 e eдинствениот Android хибрид кој е и таблет компјутер и паметен телефон

Додека сите се фокусирани на креирање хибриди меѓу лаптоп и таблет компјутер, Asus се реши да отргне од толпата и да си претстави своја откачена идеја на уред кој е хибрид од таблет компјутер и паметен телефон.

Asus PadFone 2 е единствениот ваков уред на пазарот. Развиван е скоро две години за да може да се добие едноставна форма за закачување на телефонот на таблет компјутерот, и при тоа Asus успеа да ги направи двата комбинирани уреди да тежат помалку од вообичаените не-хибридни таблет компјутери.

Padfone 2 rаботи на Android 4.0 Ice Cream Sandwich, има процесор со четири јадра, 4,7-инчен HD IPS LCD екран со резолуција од 1280×720, и има 13 мегапиксели камера и чини од 600 долари за 16 GB верзија, односно 750 долари за 64 GB. Но, тоа се однесува само на паметниот телефон кој се приклучува на 10,1 инчен док за да се претвори во таблет компјутер. За жал, за дополнителната големина се доплаќа 300 долари. Докот исто така може да ја полни батеријата на паметниот телефон.

[youtube]DjpACIJkpQo[/youtube]

Идејата во секој случај е интересна. Си имате паметен телефон за секојдневно користење, повици, апликации, а кога ќе сакате да сурфате на веб или да читате е-магазини и е-книги тогаш го закачувате на докот и го претварате во таблет компјутер со двојно поголем екран.

Уредот ќе се појави во Европа до крајот на годинава, а ако сте заинтересирани најблиску ќе може да го купите од Бугарија.

[youtube]AxE_Im20UZM[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top