0 коментари 1 мин. читање

Microsoft EPIC FAIL!

{mosimage}Microsoft на своите сајтови во Полска и САД објави слика на која се гледаат двајца мажи и една жена како седат во канцеларија. Сликата сама по себе е во ред, стандардна комерцијална фотографија, но проблемот е во тоа што фотографијата е “подсредена” малку поразлично на полскиот сајт – имено еден од двајцата мажи, кој е белец на сајтот на Microsoft во Полска, оргинално е црнец на сајтот во САД. Да не должам, видете и сами…

Сајтот во САД:

{mosimage}

Сајтот во Полска:

{mosimage}

Доколку сеуште не ја забележувате разликата:

{mosimage}

Откако голем број блогови и онлајн медиуми го открија овој потег на Microsoft, од компанијата изјавија дека ги разгледуваат деталите во
ситуацијата, но истовремено се извинија и соопштија дека се во процес на отстранување на фотографијата од полскиот сајт.

Ова е навистина EPIC FAIL на Microsoft, компанија со околу 80.000 вработени и милијарди долари годишни профити на која сигурно не и е проблем место една фотографија да најми дополнителен модел и да направи две различни, наместо вештачки да ги обработува…



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top